Прва фаза на вакцинација

многу ограничена достапност на вакцини

расположливи количини на вакцини за 1–10% од вкупна популација

  • Здравствените работници во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција
  • Постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години

Втора фаза на вакцинација

ограничена достапност на вакцини

расположливи количини на вакцини за 11–20% од вкупната популација

  • Постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход кои не се опфатени во фаза I, лица на возраст од  65 години и постари
  • Лица на возраст од 20-65 години со коморбидитети или здравствени состојби детерминирани како значително висок ризик за стекнување на тешка болест, компликации или смртен исход
  • Здравствени работници со умерен ризик да стекнат и пренесат инфекција
  • Вработени во витални институции за нормално функционирање на општеството
  • Вработени во образовани институции вклучени во настава со физичко присуство и вработени во  детски градинки 

Трета фаза на вакцинација

умерена достапност на вакцини

расположливи количини на вакцини за 21–50% од вкупната популација

  • Останати есенцијални работни места за нормално функционирање на општеството (според Националниот план за КОВИД-19 вакцинација)
  • Останати вработени во образование (основно, средно и високо) 
  • Социјални групи со зголемен ризик од стекнување и пренесување на инфекција затоа што не се во состојба да одржуваат физичка дистанца (според Националниот план за КОВИД-19 вакцинација)  
  • Здравствени работници со низок ризик да стекнат и пренесат инфекција
  • Здрави лица на возраст од 30-64 години