ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД19

Во Република Северна Македонија ќе бидат достапни вакцината Синофарм, вакцината на Фајзер-Бионтек, вакцината на АстраЗенека и вакцината Спутник В.

  • Тип на вакцина: аденовирус како вектор кои носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот
  • Препорачана возраст над 18 години
  • Потребни се две дози, втората доза 4-12 недели по првата доза
  • Се дава мускулно во рамото
  • Ефикасност: во клиничките студии докажана е ефикасност од 63.09% за превенција на инфекција со САРС-Ков2, резултатите од реалната пракса се охрабрувачки, само по првата доза 85% се намалува ризикот за хоспитализација или тешка форма на болеста.
  • Безбедност: повеќе од 25 илјади индивидуи беа вклучени во клиничките тестирања
  • Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакција
  • Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата
  • мРНА вакцина која дава инструкции на организмот за создавање на протеин карактеристичен за вирусот САРС-Ков2
  • Препорачана возраст над 12 години
  • Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза
  • Се дава мускулно во рамото
  • Ефикасност: клиничките студии покажаа висока ефикасност до 94% превенција од САРС-Ков2 инфекција, податоците од вакцинацијата ширум светот ја потврдуваат ефикасноста од клиничките студии
  • Безбедност: вакцината е безбедна повеќе од 40 илјади индивидуи беа вклучени во клиничките тестирања
  • Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Несаканите ефекти се почести по примање на втората доза
  • Оваа вакцина може да даде и алергиска реакција не треба да се администрира на лица алергичнина полиетилен гликол (PEG) или сродни молекули, бидејќи PEG е една од состојките.
  • Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и траат до два дена по примање на вакцината
  • Инкативиран САРС-Ков2 вирус
  • Препорачана на возраст над 18 години
  • Потребни се две дози, втората доза од 21-28 дена по првата доза
  • 86% ефикасна против САРС-Ков2 инфекција, 100% ефикасна за превенција на тешка болест
  • Се дава мускулно во рамо
  • Безбедност – Повеќе од 43 милиони дози се дадени до 21 февруари во светот
  • Најчести несакани ефекти: болка на местот на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули
  • Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата
  • Тип на вакцина: Инактивиран САРС-Ков2 вирус
  • Препорачана возраст: над 18 години  
  • Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза
  • Високо ефикасна за превенција на тешка болест
  • Се дава мускулно во рамо
  • Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, замор
  • Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата
  • Тип на вакцина: аденовирус како вектор кои носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот
  • Препорачана на возраст над 18 години
  • Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза
  • Се дава мускулно во рамото
  • Ефикасност: Ефикасноста на Спутник В наспроти КОВИД-19 е пријавена на 91,6%. Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник В
  • Безбедност:  Клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.
  • Најчести несакани ефекти: Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.

Останати информации

Дали вакцинацијата ќе биде задолжителна?

Не, вакцинацијата против коронавирусот е доброволна.

Безбедноста е врвен приоритет и има многу причини да се вакцинирате:

  • Вакцинацијата против КОВИД-19 ќе биде важна алатка која ќе помогне да се запре пандемијата. Носењето маски и социјалното дистанцирање помагаат да се намалат шансите да бидете изложени на вирусот или да го проширите на други, но овие мерки не се доволни. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Комбинацијата на вакцинирање и следењето на препораките на Министерството за здравство за да се заштитите себеси и другите, ќе понудат најдобра заштита од КОВИД-19. Запирање на пандемијата бара користење на сите алатки што ги имаме на располагање. Бидејќи експертите дознаваат повеќе за тоа како вакцинацијата против КОВИД-19 може да помогне во намалувањето на ширењето на болеста во заедниците, Министерството за здравство ќе продолжи да ги ажурира препораките за заштита.
  • Вакцинацијата против КОВИД-19 е побезбеден начин да се помогне во градењето заштита. КОВИД-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како КОВИД-19 ќе влијае на вас. И ако се разболите, може да ја пренесете болеста на пријателите, семејството и другите околу вас. Клиничките испитувања на сите вакцини мора прво да покажат дека се безбедни и ефикасни пред било која вакцина да биде одобрена за употреба, вклучително и вакцините против КОВИД-19. Инфекцијата со КОВИД-19 може да понуди одредена природна заштита, позната како имунитет. Тековните докази кажуваат дека реинфекцијата со вирусот што предизвикува КОВИД-19 е невообичаена во 90 дена по првичната инфекција. Сепак, експертите не знаат со сигурност колку трае оваа заштита, а ризикот од тешка болест и смрт од КОВИД-19 далеку ги надминува придобивките од природниот имунитет. Вакцинацијата против КОВИД-19 ќе ви помогне да се заштитите со создавање на антитела (имунолошки систем) без да имате искуство со болеста. И природниот имунитет и имунитетот произведен од вакцина се важни делови на болеста КОВИД-1
  • Вакцинацијата против КОВИД-19 ќе биде важна алатка која ќе помогне да се запре пандемијата. Носењето маски и социјалното дистанцирање помагаат да се намалат шансите да бидете изложени на вирусот или да го проширите на други, но овие мерки не се доволни. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Комбинацијата на вакцинирање и следењето на препораките на Министерството за Здравство за да се заштитите себеси и другите, ќе понудат најдобра заштита од КОВИД-19. Запирање на пандемијата бара користење на сите алатки што ги имаме на располагање. Бидејќи експертите дознаваат повеќе за тоа како вакцинацијата против КОВИД-19 може да помогне во намалувањето на ширењето на болеста во заедниците, МЗ ќе продолжи да ги ажурира препораките за заштита.

Дали вакцинацијата против КОВИД-19 обезбедува долгорочна заштита?

Прерано е да се знае дали вакцините против КОВИД-19 ќе обезбедат долгорочна заштита. Потребно е дополнително истражување за да се одговори на ова прашање. Сепак, охрабрувачки е што достапните податоци сугерираат дека повеќето луѓе кои се опоравуваат од КОВИД-19 развиваат имунолошки одговор, кој обезбедува барем одреден период на заштита од реинфекција – иако сè уште се истражува колку е силна оваа заштита и колку трае. Повеќето вакцини против КОВИД-19 што се користат се даваат во две дози.

Колку брзо вакцините против КОВИД-19 можат да ја запрат пандемијата?

Влијанието на вакцините против КОВИД-19 врз пандемијата ќе зависи од повеќе фактори како што се ефикасноста на вакцините; колку брзо се одобруваат, произведуваат и испорачуваат и колку луѓе се вакцинираат. Повеќето научници предвидуваат дека, како и повеќето други вакцини, вакцините против КОВИД-19 нема да бидат 100% ефикасни. Но од досегашните искуства гледаме дека вакнинацијата дава ефект. На пример во Израел, според нивна државна студија, се забележува 94% намалување на бројот на нови случаи.

Што знаеме до сега за вакцините против КОВИД-19?

Студиите покажуваат дека вакцините против КОВИД-19 се ефикасни во спречувањето да не се заразите со КОВИД-19. Експертите исто така сметаат дека примањето на вакцината против КОВИД-19 може да помогне да не се разболите сериозно, дури и ако се инфицирате со КОВИД-19. Вакцинацијата против КОВИД-19 ќе ни помогне да се вратиме во нормала.

Вакцините против КОВИД-19 го ​​учат нашиот имунолошки систем како да го препознае и да се бори против вирусот што предизвикува КОВИД-19. Обично се потребни неколку недели по вакцинирањето за телото да создаде заштита (имунитет) од вирусот што предизвикува КОВИД-19. Тоа значи дека можно е некое лице да се зарази со КОВИД-19 веднаш по вакцинирањето. Ова се случува поради тоа што понекогаш, кај некои луѓе, кои веќе биле инфицирани со вирусот, се наоѓале во период на инкубација или дошле во контакт со вирусот веднаш по примање на првата доза, вакцината немала доволно време да обезбеди заштита.

Постојат чекори што можете да ги преземете за да се заштитите додека не се вакцинирате. Дури и откако ќе се вакцинирате, важно е да продолжите да ги превземате сите превентивни мерки за заштита кои помагаат да се запре оваа пандемија (носење маски, миење раце, и држење дистанца од 1.5 метар), бидејќи секој ден учиме повеќе за тоа како вакцините против КОВИД-19 функционираат во реални услови.

Што не знаеме се уште за вакцините против КОВИД-19?

Иако вакцините против КОВИД-19 се ефикасни во спречувањето да не се разболите, научниците сè уште проучуваат колку вакцините спречуваат да го ширите вирусот што предизвикува КОВИД-19 на други, дури и ако не се разболите.

Ако сте вакцинирани против КОВИД-19, сепак може да бидете изложени на вирусот што предизвикува КОВИД-19. По изложувањето, луѓето можат да бидат заразени или да го „носат“ вирусот што предизвикува КОВИД-19, но не се чувствуваат болни или имаат какви било симптоми. Експертите ја нарекуваат оваа состојба  „асимптоматска инфекција“. Од оваа причина, дури и по вакцинацијата, треба да продолжиме да ги почитуваме мерките за заштита, бидејќи учиме повеќе за тоа како вакцините против КОВИД-19 функционираат во реални услови.

Како делуваат вакцините против КОВИД19?

Имунолошки систем – одбрана на телото од инфекција

За да разбереме како функционираат вакцините против КОВИД-19, најпрво треба да знаеме како организмот се бори против болеста. Кога микроорганизмите, како што е корона вирусот што предизвикува КОВИД-19, ги напаѓаат нашите тела, тие навлегуваат во организмот и се размножуваат. Оваа инвазија, наречена инфекција, е она што предизвикува болест. Нашиот имунолошки систем користи неколку алатки за борба против инфекцијата. Крвта содржи црвени и бели крвни клетки. Црвените крвни клетки носат кислород до ткивата и органите, додека белите или имунолошки клетки се борат против инфекцијата. Различни видови на бели крвни клетки се борат со инфекција на различни начини:

Макрофагите се бели крвни клетки кои ги голтаат и варат микроорганизмите, мртвите келтки или клетките кои се во фаза на умирање. Макрофагите оставаат зад себе делови од микроорганизмите наречени антигени. Телото ги идентификува антигените како опасни и ги стимулира антителата да ги напаѓаат.

Б-лимфоцитите се одбранбени бели крвни клетки. Тие ги произведуваат антителата кои ги напаѓаат деловите на вирусот оставени од макрофагите.

Т-лимфоцитите се друг вид на одбранбени бели крвни клетки. Тие ги напаѓаат клетки во телото кои веќе биле заразени.

Кога едно лице за првпат ќе се зарази со корона вирусот што предизвикува КОВИД-19, може да бидат потребни неколку дена или недели неговото тело да ги вклучи сите алатки во борбата против вирусот кои се потребни за да се победи инфекцијата. После инфекцијата, имунолошкиот систем на лицето го меморира она што го научил за тоа како да се заштити телото од таа болест односно организмот развил имунитет.

Телото чува неколку Т-лимфоцити, наречени мемориски клетки, кои брзо стапуваат во акција ако телото повторно се сретне со истиот вирус. Кога ќе се откријат познатите антигени, Б-лимфоцитите произведуваат антитела за да ги нападнат. Експертите сè уште учат колку долго овие мемориски клетки го штитат лицето од вирусот што предизвикува КОВИД-19.