Документот „COVID-19 Согласност за вакцинација“ е задолжителен документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано. Документот се пополнува лично, или од страна на законски старател или овластен носител на одлуки за лицето кое ја прима вакцината. Пополнетата согласност се приложува на вакциналниот пункт. Согласноста може да биде пополнета претходно, но истата се наоѓа и на пунктовите за вакцинација каде може директно да се пополни и да се приложи.